| четврток, 6 декември 2018 |

Партизан се огласи по крвавата пресметка: Кој ги изнајмил кик-боксерите од Сплит? (видео)

За првпат и официјално по немилите настани на вчерашното 156. вечно дерби, се огласи и Партизан. Нивиот новинар Жељко Пантиќ преку Партизан ТВ објасни некои работи за пресметката што изби на јужната трибина на стадионот „ЈНА“ кај „Гробари“.

„Има многу непознати работи. Дали е тоа внатрешна пресметка помеѓу навивачите на Партизан или некој друг елемент? Она што можам да го кажам со сигурност е дека луѓето кои учествувале, и можам да кажам поминаа најлошо, се државјани на Република Хрватска кои никогаш претходно не биле на стадионот на Партизан. Тоа се кик-боксери од клуб од Сплит кои биле изнајмени и дошле со „црно-бели“ обележја. Ставиле фантомки и започнале да тепаат се околу себе. Кој ги ангажирал не е познато“, изјавија од клубот.

Притоа во јавноста излегоа слики од лични карти од учесниците во инцидентот со кои само се потврдуваат тврдењата дека тоа биле Хрвати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top