Изминатите денови детските амбуланти низ државата се преполни со деца со белодробни заболувања како последица од екстремно загадениот воздух.
Според нашите информации, на Детската клиника, на Клиниката за пулмологија и во Детската болница Козле, најголемиот број од децата кои се третирани биле со сериозни белодробни компликации како астма, рецидивантни бронхити и други хронични белодробни болести.
Станува збор за деца кои и од најмала возраст страдаат од енормно загадениот воздух. Родителите на децата на социјалните мрежи го изразуваат револтот кон власта која не презема ниту еден чекор за намалување на загадувањето.
Од предизборните ветувања на СДС за преземање итни мерки за воздухот, остана само по некој билборд да не потсетува дека не реализираа ништо од ветувањатa.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.