| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени 6.000 евра од возило пред Клиниката за онкологија

Во 02 часот и 30 минути по полноќ, во кругот на комплексот клиники „МајкаТереза“ во Скопје, пред Клиниката за онкологија, непознат сторител извршил кражба во патничко возило со германски национални ознаки.

Сторителот го отворил возилото и одзел два куфери, 6 000 евра и патна исправа на име А.Б.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top