| четврток, 6 декември 2018 |

По Венус Вилијамс, Вимблдон остана и без Светлана Кузнецова

По 5-кратната шампионка Венус Вилијамс, учеството на Вимблдон го откажа и Светлана Кузнецова, исто така поради повреда. Русинката нема да игра поради проблеми со стомачните мускули, а пред неа Венус Вилијамс се пожали на проблеми со грбот и се откажа.

Кузнецова е двојна гранслем-шампионка, но на Вимблдон нема позначаен успех и немала шанса да се бори за трофејот. Најдобрo постигнување на 27-годишната тенисерка на терените на Ол-Ингланд клубот ѝ се трите четвртфиналиња во 2003, 2005 и во 2007 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top