| четврток, 6 декември 2018 |

Магиите на Нејмар за победа на Бразил против Мексико (видео)

Бразил е првиот полуфиналист на Купот на конфедерациите, чиј домаќин е, а во квартетот најдобри „кариоките“ се најдоа по победата против Мексико од 2-0. Новиот ас на Барселона, Нејмар, беше двигателот на триумфот на најтрофејната фудбалска нација и со два одлични потези беше најзаслужен за вториот успешен настап на домаќинот. Во 9. минута со волеј од 15 метри, Нејмар му донесе предност на Бразил, а во последните моменти со прекрасни дриблинзи ја „измеша“ одбраната на Мексико и како на тацна го послужи Жо, кој погоди за конечни 2-0.

Претходно 5-кратниот светски првак ја победи Јапонија со 3-0. Ноќеска играат Италија и Јапонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top