| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва на небото ќе има една од најспектакуларните глетки (видео)

Годишниот метеорски дожд „Геминид“ е една од најспектакуларните глетки, а оваа година се очекува да биде најдобра досега.

Вечерва, помеѓу 13-ти и 14-ти декември, сѐ што треба да направите е да погледнете нагоре и да уживате во неверојатното „светлечко шоу“ кое ќе го искуси цел свет.

Според НАСА, метеорскиот дожд ќе биде најдобро видлив помеѓу полноќ на 13-ти декември и 4 часот наутро на 14-ти декември.

Секако, временските услови може да создадат пречки на одредени места, па дождот најдобро ќе се доживее ако се гледа на чисто небо, во рурална средина или на повисоки места, иако сепак е возможно да биде видлив и во урбаните средини.

Иако не постои посебна насока во која треба да се гледа метеорскиот дожд, сепак некои астрономи препорачуваат да се гледа кон југ за најдобро доживување на ова незаборавно искуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top