Валери Курбело е уапсена од страна на полицијата по летото за Сакраменто поради смртни закани кон патниците во
авионот, пренесува „ЦБС Њуз“.
24 годишната Валери за време на летото во тоалетот запалила цигара кога авионот летал некаде меѓу Портланд и Сакраменто. Според авиокомпанијата „ Soutvest Erlajnsa“ патничката Валери се обидела да го расипе детекторот за чад. Откако стјуардесите ја предупредиле дека пушењето во авионот е забрането и ја замолиле да се врати на своето место, Курбело ја извлекла маската за кислород над седиштето и почнала ирационална до вреска.
Еден од патниците го снимил целиот инцидент, во видеото може да се слушне како Валери ги собира своите работи и вика.
-Јас имам свое одредиште . Се колнам ако не слетаме ќе ве убијам сите во овој авион, вика Валери.
Стјуардесата потоа се обидува да ја смири нервозната патничка,но Валери ја турнува девојката, по што дел од екипажот морал физички да ја совлада нервозаната патничка.
Веднаш по слетувањето Валери е уапсена од полицијата и осомничена е за смртни закани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)