| четврток, 6 декември 2018 |

Апокалиптични сцени од Калифорнија – пожарникарите немоќни во борбата со огнената стихија, пепелта паѓа како снег! (видео)

Повеќе десетици луѓе ги напуштиле своите домови поради пожарот кој се шири во близина на округот Санта Барбара, а бегале дури и жителите на кои не им е кажано да се евакуираат од страв клучниот автопат да не биде затворен.

Агенцијата АП наведува дека некои славни личности избегале од луксузната населба Монтенсито, околу 120 километри северозападно од Лос Анџелесе, каде се наоѓаат куќите на Опра Винфри, Џеф бБиџис и Дру Баримор.

Официјалните лица потврдиле дека пожарот уништил 683 куќи, а американските власти издале предупредување за загадување на воздухот, со совет граѓаните да останат дома и да изгебнуваат активности на отворено.

Локалната телевизија соопштила дека штетата од Томас е околу 48 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top