Со премиера на филмот „Скршено“ од Едмонд Будина во четврток, на 14 декември, во 20 часот во скопското кино „Милениум“ ќе биде отворено второто издание на Интернационалниот филмски фестивал за монтажа „Синематик“.
Филмот „Скршено“ е албанско-италијанска-македонска-бугарска копродукција и е приказна за 18-годишното затворско јадосување кое не е ништо во споредба со неблагодарноста покажана од најблиските и најдрагите лица, кои трансформирани од трката за профит заборавиле дека разорувањето на душата и уништувањето на околината е самоуништување, пред се’.
Продуцент на филмот е Аделе Будина, сценарио е на Едмонд Будина, директор на Фотографија е Даниеле Балдачи, монтажата е на Дарко Спасовски а музиката е на Оливер Јосифовски. Во главните улоги настапуваат: Едмонд Будина, Лаерт Васили, Никола Ламбро, Сирја Меке, Ола Харизај, Сотирак Братко, Или Трајче, Ракеле Ларо, Анза Рочи.
Продуцентски куќи се: A.B. FILM, REVOLVER PRODUCTION и КТ Филм и Медиа. Филмот е поддржан од: Албанскиот центар за кинематографија, Албанската радио телевизија, Италијанското министерство за култура, Агенцијата за филм на Р. Македонија.
„Синематик“ ќе му ја додели наградата за животно дело на Андрија Зафрановиќ кој е познат како монтажерот на „Татко на службен пат“ и „Дом за бесење“ на Емир Кустурица, „Балкански шпион“, а во последно време работеше на три македонски филмови „Деца на сонцето“ од Антонио Митриќески, „Медена ноќ“ на Иво Трајков и „Златна петорка“ на Горан Тренчовски, како и на малцинската македонска копродукција „Устав на Република Хрватска“ од Рајко Грлиќ. Тој ќе ја прими наградата во Скопје за време на одржувањето на второто издание на фестивалот „Синематик“ од 14 до 16 декември и ќе одржи мастерклас на 15 декември на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Во чест на добитникот на наградата за животно дело Зафрановиќ во петок, во „Фросина“ ќе биде прикажан „Устав на Република Хрватска“. Во рамките на тродневната програма на „Синематик“ ќе бидат прикажани шест филмови во официјална конкуренција во киното „Фросина“ и во Кинотеката на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Хармс“ ја освои наградата „Златен рез“ на „Синематик“
-
Андрија Зафрановиќ вечерва ќе ја прими наградата за животно дело на „Синематик“
-
Со премиера на „Скршено“ вечерва почнува Меѓународниот фестивал на филмска монтажа „Синематик“
-
Андрија Зафрановиќ, монтажер на „Татко на службен пат“, „Дом за бесење“ и „Балкански шпион“ доаѓа на „Синематик“ во Скопје