Ново понижување на работниците во текстилството – штипска конфекција на своите вработени им поделила К 15 од по само 100 денари. Понижувакиот надоместок за годишен одмор работниците го добиле откако интервенирала трудовата инспекција по пријава на Хелсиншки, јавува локалната телевизија Стар.
– На наша иницијатива извршен е вонреден инспекциски надзор, во неколку конфекции во Штип, по што во една од нив е исплатен регрес за годишен одмор од само 100 денари, вели Симона Живкова, правник во Хелсиншки Комитет за човекови права.
За ваквата одлука , конфекцијата го искористила делот од Законот кој предвидува исплата на помал износ од предвидениот, доколку работодавачот се соочува со проблеми при работењето.
– Законот не прецизира кој е тој помал износ што може да се исплати, па работодавецот кој истакнал дека работи со загуба, со потпис на еден од вработените, поделил по 100 денари за К 15, појаснила Живкова.
– Во повеќе конфекции е утврдено исплаќање на плата помала од минималната, а во три конфекции во Куманово, Валандово и Делчево, работниците враќале на рака дел од платата, изјавила Кристина Ампева, претседател на Здружението „Гласен текстилец“ – Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)