| четврток, 6 декември 2018 |

Манекенка пронајдена мртва на балкон: Полицијата вели дека е природна смрт, но поради ова никој не им верува…

Манекенката Ивана Смит (18) пронајдена е мртва во Куала Лумпур, главниот град на Малезија. нејзината смрт е обвиена со мистерија, а нејзините родители се убедени дека станува збор за нешто повеќе отколклу што кажува полицијата.

Имено, Ивана била пронајдена мртва на балкон на шестиот кат од зградата, а тамошните медиуми велат дека најверојатно паднала од 20 кат од таа зграда по забавата.

Полицијата вели дека нема елементи за истражување дали навистина станува збор за злосторство, но родителите на Ивана се сомневаат дека официјалната верзија не е точна и инсистираат на истрага. Ивана, инаку, 13 години живеела во Малезија со дедото и станала една од водечките манекенки.

-На балконот е пронајдена гола. Каде и се чевлите и облеката? Веруваме дека има елементи на кривично дело во нејзината смрт и се разбира дека не и веруваме на полицијата која не ни го дава ниту фотографиите и извештаите од местото каде што е пронајдена, вели дедото на Ивана, Фредерик Смит.

За сето ова проговори и таткото на Ивана која вели дека видел дека Ивана добила порака од момчето и фотографија во 7:25, додека наводно паднала неколку часа подоцна.

– Ниту паднала, ниту скокнала. Ивана е висока 181 cm, а оградата е висока 120 cm. Како е тоа можно. И како е возможно таа наводно да паднала околу 10 часот, а телото да е пронајдено пет часа подоцна?, прашува очајниот татко, марсел Смит, додавајќи дека полицијата сака само што побргу да го затвори случајот.

Соседите во зградата каде што погинала Ивана велат дека наводно слушнале караница во тој стан, е медиумите велат дека извештаите покажале алкохол и екстази во крвта на Ивана.

– Има многу неодговорени прашања. И ја најдоа облеката, но чевлите и долната облека-не. Полицијата не го провери воопшто нејзиниот телефон, а не сакаат да ни кажат кога точно Ивана наводно земала дрога. Бараме детална истрага, вели вујкото Фред Агењо.

Во меѓувреме нејзиниот случај полицијата го класификуваше како „ненадејна смрт“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top