| четврток, 6 декември 2018 |

Снимка која го обиколи светот – татко го шутира својот син затоа што паднал на мраз (видео)

Снимка на која е прикажано како брутален татко го шутира своето, кое е скоро бебе се појави на социјалните мрежи.

Човек на околу 50 години во главниот град на Киргистан, Бишкек е снимен како го шутира својот син во стомак затоа што малиот се лизнал на мразот и не успеал да стане од земја.

Таткото најпрво го гледал како се мачи да стане и наместо да му помогне, додека малиот изморен лежел на снегот, тој со цела сила го удри во стомакот. Ударот беше толку силен што детето одлетало и останало да лежи.

Таткото потоа грубо го фати за рака и го подигна од земја, влечејќи го на сила, додека малиот се обидуваше да остане на нозете на лизгавата земја, што баш и не му успеваше.

Таткото потоа бесен почна да го удира детето по задникот. Сведок на инцидентот вели дека таткото и пред тоа го малтретирал детето. За среќа овој насилник е идентификуван и уапсен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top