Пејачката Ана Николиќ која неодамна се разведе од Стефан Ѓуриќ Раста проговори за тоа како се чувствува сега после се. Таа неодамна на свет ја донесе ќерката Тара, на која во целост и се посвети, а сега е подготвена да се врати на јавната сцена.
-Почнува да ме фаќа криза, бидејќи не сум настапувала еве веќе една година. Одам во сала за танц како би надокнадила за она што сум го пропуштила – рекла Ана.
Што се однесува до желбите за Нова година, ги нема многу.
-Искрено да ви кажам, ова можеби ми е и најубава Нова година досега, бидејќи нешто што што потајно сум го посакувала, па скоро една деценија наназад, ми се оставри. Немам никаква посебна желба. Сакав да се остварам како мајка и да добијам бебе и немам никакви желби, освен да сме сите здрави – изјавила таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.