Владата ќе ги стимулира медицинските тимови вклучени во процесот на трансплатација на органи со дополнителна дневница во висина од две празнични дежурства, за секоја извршена интревенција. Тоа би значело дека докторите ќе земаат по 12.000 денари од трансплатација, а медицинските сестри по 6.000 денари.
Министерот за здравство, Никола Тодоров, покрај трансплатацијата на бубрези од жив донатор, на голема врата ја најави и кадаверичната трансплатација (пресадување органи од мртов донатор).
По пауза од осум години, годинава се направени четири кадаверични трансплатации на бубрег.
Како што најави Тодоров, до крајот на годинава се предвидени 40 трансплатации од жив донатор и 10 кадаверични.
Вкупниот буџет за трансплатација до крајот на годинава е 50 милиони денари. Предвидно е овие пари да бидат наменети за стимулација за 10 кадаверични трансплатации и за 25 пресадувања на бубрег од жив донатор.
– Министреството за здравство почнува кадаверични транспатации и зголемување на трансплатациите од жив донатор. Ова е од големо значење за лицата што се на дијализа. Се подобрува нивнио живот, но и торшоците за трансплатација не ги надминуваат едногодишните трошоци за дијализа. Стимулирање на тимовите е од големо значење имајќи предвид дека трансплатација е една од најтешките хируршки интервенции, а особено кога се работи за пресадување органи од кадавар. Се раоти за долги и комплексни интервенции кои многу често се одвиваат во доцните часови, бара долги часови на концентрација. Се работи во повеќе сали паралелно. Бара јака мотивираност и силна посветенот на сите оние кои се вклучени во процесот – посочи Тодоров.
Освен стимулацијата на медицинскиот тим за извршување на овие комплицирани хириршки зафати, сите дарители на органи и на ткива ќе бидат доживотно ослободени од партиципација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.