| четврток, 6 декември 2018 |

Револтирани од одлуката на Трамп: Муслимани фрлиле Молотови коктели врз синагогата во Гетеборг

Доцна синоќа, само неколку часа по одржувањето на масовните демонстрации во Малме против одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, нападната е синагогата во Гетеборг. Маскирани напаѓачи фрлиле десетина Молотови коктели на синагогата, во која во тој момент се одржувала забава на еврејската младина. Младите се сокриле во подрумот и таму ја чекале полицијата.

Двир Маоз од движењето на Еврејската младина за агенцијата ЈТА изјавил дека виделе „огнена топка“ непосредно по 22 часот, а припадници на службите за осигурување веднаш повикале полиција.

Алан Стуцински, претседател на Еврејското собрание во Гетеборг и еден од сведоците на нападот, вели дека десетина маскирани лица ги фрлиле запаливите предмети во дворот на синагогата.

Нападот е извршен само неколку часа по одржување на масовните демонстрации во Малме против одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Локалните медиуми јавуваат дека на протестите се извикувало „Најавивме интифада (востание) во Малме. Сакаме слобода, ќе ги испоубиеме Евреите“.

Во нападот нема повредени, а полицијата утрово привела тројца осомничени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top