По поразот од Вардар, тренерот на Металург, Александар Јовиќ испрати порака до сите оние кои едвај чекаат да го видат Металург на дното. Тој им порача дека тимот од Автокоманда ќе најде решение за лошата ситуација во која се наоѓа и дека ќе продолжи да работи.
– Вардар е европски и македонски шампион, нивната победа е сосема заслужена. Одигравме добар меч, покажавме борба, сите играчи заслужуваат пофалби за максимумот што го дадоа на овој натпревар. Вардар е неприкосновен, му посакувам да игра во завршницата во СЕХА- лигата и во Лигата на шампионите. Сакам да го искористам овој момент и да испратам порака што сите сакаат да го видат Металург со клуч на брава и на колена – Минчо Јорданов е стабилен спонзор, ќе изнајде решение за оваа ситуација и дека клубот ќе продолжи да работи со селекциите, како и репрезентативците кои се во нашиот тим, рече Александар Јовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.