| четврток, 6 декември 2018 |

Арпад Штербик: 100-те ќебапчиња од Индира засекогаш ќе ме потсетуваат на Скопје

Арпад Штербик по завршувањето на оваа сезона си заминува од таборот на Вардар и се враќа во Веспрем за да ја заврши својата кариера.

Голманот вели дека многу спомени го врзуваат со Скопје, но дека засекогаш ќе се сеќава на еден момент уште од 2001 година, кога не ни беше дел од Вардар или било кој македонски тим.

– Мене ми е останато во сеќавање 2001 година кога за прв пат дојдов во Скопје со тимот на Веспрем да играме натпревар од ЛШ во групи, спиевме во еден хотел и не знам дали беше лоша вечерата или нешто друго беше причината, ама знам дека Индира Кастратовиќ вечерта се појави со 100 кебапчиња. Тоа е првото нешто што ми текнува кога ќе помислам на Скопје, вели Штербик за Скопјеинфо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top