| четврток, 6 декември 2018 |

Штербик: Да се победи Барселона на ваков турнир е неверојатно!

Вардар испиша историја и ја победи големата Барселона за прво европско финале во Лигата на шампионите.

Голмант Штербик одговори на предизвикот на колегата на спротивниот гол, Перез де Варгас, и беше еден од најзаслужните за славјето на вардарци.

– Мислам дека направивме долг пат, драго ми е што играчите не се задоволија со тоа што сме тука. Од прв до последен се боревме за финале, бевме и во негатива, но не се предадовме. Мислам дека оваа година на почеток видовме дека ќе имаме одлична сезона. Да се добие една Барселона е тешко на домашен терен, а не на ваков турнир. Јас мислам дека сега треба да се одмориме, да се спремиме и утре да го дадеме максимумот – вели шпанскиот голман.

На крај, македонскиот шампион ја доби големата битка со шпанскиот гигант и испиша историја во машкиот клупски ракомет во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top