„Женидба“ е насловот на новата театарска претстава на Театарот Комедија. По „Ах, љубов моја„ и „За секого има по една…“, новоформираниот театар најавува нова, трета премиера, закажана за 18 јануари. Овојпат како режисер се јавува Дејан Пројковски, уметничкиот директор на МНТ. Се работи за претстава работена по текст на Николај Васиљевич Гогољ, а на сцената ќе се појават Нина Деан, Кристина Ласовска, Зорица Стојановска, Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Игор Георгиев, Едмонд Сотир, Роберт Ристов, Анкица Бенинова, Теоман Максут.
Претставите на Театарот Комедија, кој е формиран пред неполна година, се играат на сцената на Драмски театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Култната „Викенд на мртовци“ премиерно на сцената на Ттеатар Комедија
-
Македонија на театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2019“, Русија
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Гостивар ќе добие театар: Владата донесе одлука за основање НУ „Гостиварски театар“