| четврток, 6 декември 2018 |

Возење низ пеколот е единствениот спас: Во Калифорнија „горат и небото и земјата“ (видео)

Oколу 200.000 жители на Калифорнија, кои биле евакуирани поради четирите големи пожари кои беснеат во оваа американска сојузна држава, добиле дозвола да се вратат во домовите, а опасноста од огнената стихија ќе трае најмалку до недела, судејќи по најавените временски прилики. За да се обезбедат дека се на сигурно, се уште голем број на жители на овој регион заминуваат од своите домови кај пријатели и ироднини се додека не се локализираат пожарите.

Се наведува дека гори подрачјето од Лос Анџелес покрај пацифичкиот брег се до округот Санта Барбара.

Во пожарите досега биле уништени околу 150 куќи, а зафатени се огромни површини.

Фотографиите и видео снимките поставени на социјалните мрежи најдобро говорат за размерите на оваа катастрофа. На речиси сите може да се види “дека горат и небото и земјата” во предели веднаш над сообраќајниците од каде минуваат жителите.

На некои од најпрометните сообраќајници речиси и да е невозможно да се вози бидејќи огнот е насекаде, поради што некои автопати се затворени.

Прв пат била наредена евакуација во округот Санта Барбара, а дел од автопатот меѓу Санта Барбара и Вентура се затвора периодично поради налетите на оган преку патеките на автопатот.

Околу 300 жители на крајбрежниот град Карпинтерија вчера добиле наредба да го напуштат градот пред зори, додека пожарните борби се одвиваат на само неколку километри од самиот град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top