| четврток, 6 декември 2018 |

Молете се за нас во овој пекол – холивудскиот актер ја сними огнената стихија која го голта Лос Анџелес!(видео)

Катастрофалните пожари кои беснеат во јужна Калифорнија сериозно му се закануваат на Лос Анџелес. На социјалните мрежи се огласи и холивудскиот актер со хртватско потекло Горан Вишњич, кои ги повика сите да се молат за луѓето зафатени со пожарот.

-Ова е излезот за музејот Гети. Ова е лудо. Пожарот никогаш не бил толку блиску до градот. Молете се за сите погодени од овој пекол – напишал загрижениот Горан на Инстаграм.

Се очекува топлите и суви ветрови во текот на денот дополнително да се разгорат во јужна Калифорнија, каде веќе изгореа стотина куќи, а десетици илјади луѓе мораа да ги напуштат домовите околу Лос Анџелес, вториот по големина американски град.

-Силните ветрови во текот на ноќта создаваат екстремна опаснот од пожар – се вели во предупредувањето кое го испрати системот за тревога во Лос Анџелес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top