| четврток, 6 декември 2018 |

Девојката на Роналдо поцрвене, а сите паѓаа од смее – Кристијано ја кажа божиќната желба!(видео)

Кристијано Роналдо во четвртокот вечерта на свечената церемонија во Париз ја прими во своите раце петтата „Златна топка“ во кариерата, достигнување со кое воедно се израмни со својот долгогодишен ривал и најголем конкурент за индивидуалните признанија, Лионел Меси.

Португалската ѕвезда сосема очекувано ја доби важната награда од „Франс Фудбал“ и моментот беше овековечен со мини церемонија која првично се одржа на „Ајфеловата кула“, но сепак главната гала вечер следеше потоа кога Роналдо одговараше и на прашањата кои му ги поставуваше поранешниот фудбалер Жинола.

Дефинитивно најголема смеа предизвика одговорот кој го даде Роналдо околу неговата „Божикна желба“, со која истовремено успеа да ја поцрвене од срам својата девојка Георгина, а од друга страна ги изнасмеа легендарните Бразилци, Роналдо и Кака.

– Сакам ново бебе за Божик…. Се шегувам, се шегувам. Во овој момент не сакам ново дете, да уживаме во моментот, во тоа што го имаме. Веќе имаме три нови, а вкупно четири, – низ смеа истакна Роналдо кој за крај додаде дека сака седум деца и исто толку освоени „Златни топки“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top