Ако ви здодеале „обичните“ чоколатца, ќе ве израдува снимката од Јапонија која објаснува како се јаде едно од нивните нови колачиња. Станува збор за некаков вид пена која се вшмукува со цевче од минијатурна тоалетна школка.
Во пакувањето на колачето, кое се вика „моко моко моколето“, добивате пластична тоалетна школка која треба да ја составите. Потоа во минијатурната шолја ставате прашок и додавате вода за да се создаде пената која ја консумирате со помош на цевчето. Во пакувањето се наоѓаат и минијатурни сретства за отпушување и чистење на тоалетната школка за да можете да ја користите неколку пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.