Британецот Џеј Свинглер со помош на неговите пријатели смислиле начин како да се стекнат со он – лајн слава на
YouTube. Му ја ставиле главата во микробранова , а потоа ја наполниле со цемент . Но , доцна сватиле дека експериментот може да има трагични последици . Кога Џеј почнал да се гуши , поради зацврстувањето на цементот , повикале брза помош . Откако докторите не успеале да ја симнат микробрановата , дошле петмина пожарникари, кои час и половина се бореле за животот на Свинглер. Тешко ја расклопувале печката зашто морале да внимаваат да не му ја повредат главата,додека момчето се гушело. Пред да почне експериментот Свинглер изјави “Ова е денот кога најверојатно ќе се самоубијам, не обидувајте се ова да го правите дома”.
Инцидентот предизвика бура од реакции на социјалните мрежи ,каде се потенцира темната страна на очајната потрага по слава на Јутјуб. Во целата несреќа Свинглер за кусо време доби над милион отворања , што го стави на
првото место на најголемите глупости направени на социјалните мрежи.
Видеото на Свинглер и експериментот во кој за малку ќе се самоубиеше , е избришан од Јутјуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)