Дваесет лица од ресенските села Крани и Арвати побарале лекарска помош со симптоми на ентероколит (воспаление на дебелото и на тенките црева), по што екипи од Центарот за јавно здравје-Битола, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна извршиле надзор на водата за пиење во тие села.
Kако што информираат од Министерството за здравство, констатирани биле неправилности и водата за пиење е забранета.
Лицата се дијагностицирани во периодот од 3. до 7 декември со лесна клиничка слика и не се хоспитализирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.