Во шпилот карти кралот срце е единствениот крал без мустаќи, а зошто е тоа така постојат неколку теории.
Најдобра теорија е дека кралот „херц“ е дизајниран според една поема.
Беше еднаш еден крал…
Англиската легенда вели дека кралот некогаш имал четири сина, на кои планирал да им го подели кралството. И сите синови, освен еден, имале мустаќи.
Повикал уметници и побарал да ги насликаат неговите синови, а потоа напишал поема во која навел дека во наследството ќе го „изостави чудниот крал“, што значело дека едниот син ќе остане без дел од богатството.
Можеби ова и не е вистина, но се смета дека идејата за ваквиот шпил карти потекнува од трите крала со мустаќи и еден без нив.
Има и такви кои сметаат дека лошото печатење е виновно за „чудниот“ крал затоа што тој наводно на почетокот имал мустаќи, но поради лошото печатење потоа ги изгубил. Некои од славните личности, како Александар Македонски и Карло Велики, исто немале мустаќи.
Можеби кралот без мустаќи има врска со дизајнот и произведувачот на картите. USPCC (Американската компанија која ги произведува картите за игра) го фаворизира токму ваквиот изглед на кралот срце. Тие се познати и по четирите раце.
Новата теорија како главен виновник за губитокот на брковите кај кралот срце ја наведува историјата, односно техниката на производство. Стандардните англиски карти за игра, кои денеска се користат, потекнуваат од оригиналните француски модели кои се произведени во XVI век. За потребите на масовното производство, најстарата карта била отпечатена со помош на дрвени блокови.
Една теорија вели дека каро, пик и треф асоцираат на корупција, богатство, војна и смрт. Од друга страна, срцето како орган е чисто, отворно и не носи ништо вештачко. Така што имаме целосно избричен крал срце.
извор: Pindzur.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.