Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо одлучил што ќе прави со својата фудбалска кариера, пишува „АС“. Иако во претходниот месец се пишуваше за негово можно заминување од Реал Мадрид, од тоа нема ништо и тој и следната сезона ќе биде „крал“.
Освојувачот на „Златна топка“ имаше турбулентен период во кој беше обвинет за измама и неплаќање на данок кон Шпанија, поради што се чувствуваше незгодно и имаше најави дека би можел да замине.
Зинедин Зидан веќе нема потреба за грижа, па може да го вброи Роналдо помеѓу играчите кои ќе заминат на турнеја во САД.
По враќањето, Роналдо го очекува судење и целосна разврска на случајот на кој му се даде огромно внимание од медиумите и кое би можело да влијае негативно на формата на Португалецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.