Познатиот скопски адвокат и партиски функционер на СДС, Мирослав Вујиќ влегува во бордот на директори на Македонски Телеком, веднаш по назначувањето на Замир Мехмети и советникот на Оливер Спасовски, Горан Трајановски, jaвува порталот Инфомакс.
Според нивните неофицијални информации, скопски адвокат Вујиќ ќе биде новиот член на бордот на директори на Македонски телеком, откако „мразот го скршија“ Горан Трајановски екс-советникот на Оливер Спаовски и Замир Мехмети, брат на Ермира Мехмети и заслужен учесник во „платеничката револуција“ на СДС.
Откако една од избраните членовина бордот на директор на Телеком заминува на местото пратеник во Собранието, празното место ќе го пополни токму Вујиќ, како надомест на големиот долг кој партијата го има кон него за големиот број на судски процеси за врвни политичари од партијата, на кои Вујиќ им беше застапник. Инаку Вујиќ во скопските кругови е познат под прекарот Мики Максимум, заради максималните казни кои ги добивале лицата кои тој ги застапувал на суд.
Новите дикертор на Телеком пак, Замир Мехмети и Горан Трајановски, како што може да се види на фотографијата, преку социјалните мрежи се пофалиле со новите работни места во бордот на директори на Телеком.
Горан Трајановски важеше за десна рака на актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и беше предложен за главен оперативен директор, а Замир Мехмети за неизвршен независен член. Инаку, Оливер Спасовски кога беше назначен на позицијата технички министер за внатрешни работи го наполни кабинетот со партиски кадри на СДСМ кои претходно немале никакво искуство во полицијата. Тогаш Оливер Спасовски го назначи Горан Трајановски за Државен советник за телекомуникации и информатика.
За Замир Мехмети излегоа многу информации во јавноста меѓу кои дека тој лично барал од Зоран Заев вработување во Македонски Телеком на некоја раководна функција каде што ќе може да ги користи сите подобности како што се автомобили, шофери, платени ручеци додатоци и плата не помала од 3.000 евра.
Исто така поставил ултиматум дека ако не било претходното возможно да биде назначен на раководна функција во Агенцијата за медиуми или АЕК. Тој според информациите го искористил погодниот момент за да направи притисок на Зоран Заев пред локалните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Замир Мехмети: Толку од демократскиот капацитет и на в.д. директорот Сашо Тасевски
-
„Фокус“: Акционерите обвинуваат – Рашковски се однесувал деспотски на Собранието на Телеком
-
Од командос до директор: Какви квалитети поседува Замир Мехмери за да биде предлог на Владата?
-
„Телеком“ го раскинува договорот, националната арена го враќа старото име „Филип Втори Македонски“?