| четврток, 6 декември 2018 |

Замир Мехмети: Толку од демократскиот капацитет и на в.д. директорот Сашо Тасевски

Замир Мехмети, еден од учесниците на Шарената револуција и сегашен член на бордот на Телеком, реагираше на контроверзното гостување на директорот на Драмски театар Сашо Тасевски во емисијата на Васко Ефтов кое беше прекинато во 40-та минута. Мехмети реагира за грешката која ја направил Тасевски, но и тоа што не ги прифатил упатените критики кон него.

-Директорот на Драмски, Сашо Тасевски ме избриша од листа на пријатели само затоа што коментирав кај Ориѓански на статус дека направил голема глупост што гостувал кај Васко. Толку од демократскиот капацитет и на в.д. директорот, влезе во фино друштво бришачи како Бетмен, Ванковска и остала багра. Епа да не останам должен, па да кажам уште по експлицитно што мислам за тој настан.

Да прифатиш да гостуваш во емисија каде од почеток до крај се шири говор на омраза, верска и етничка нетерпеливост, треба да бидеш или многу глуп и припрост или да си ептен жеден да те има во јавност по секоја цена. Згора на тоа бистриш геополитика, а си глумец.

На крај се правдаш дека си избегал од емисија затоа што не си сакал да се спуштиш на како што велиш „Пиљарско ниво“ откако веќе си прифатил да гостуваш кај пиљарот. Па уште и Драмски го фрлаш во оган, в.д. директоре со тоа што го користиш како параван зад кој се криеш. Наводно не си бил сам во интервујто, си имал институција за некомпромитирање. Дали тоа значи дека од името на цел Драмски ја тврдиш тезата дека сите влади во Македонија се избрани од Америте? Дали не е помашки да си ја признаеш грешката и сам на свои плеќи да ја износиш тешката ситуација? Дали не е покоректно да сфатиш дека чергата не ти е толку голема колку потребата да бидеш некој си фактор или опинион мејкер?

Шокиран сум од твоите националистички ставови во 2013-2014, време во кое се случуваше историското етничко приближување во борба против едно големо зло или спојување на знамињата како што милуваат некои да кажат.

А Министерстерството за култура треба да направи background check пред да назначува типови како тебе со сомнителни ставови за раководители, зашто вака сите ние кои сме се бореле против режимот на грб ги носиме индивидуалните бламирања – напиша Мехмети на социјалните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top