Мајка црква ние не можеме да ја сметаме Бугарската православна црква во историски контекст на нештата, ниту Српската православна црква пак во контекст н нештата, ниту било кој црква согласно Уставот на нашата црква или поточно наречено преамбулата во Уставот на Македонската православна црква каде што се вели дека тргнувајќи од сознанието дека Св.Павле во 50-тите години дојде во Македонија и ги основал првите црковни општини каде што се запишани во светот писмо како православни. Како наследничка на Јустинијана прима се јавува Охридската Архиепископија како црква на македонскиот народ, кажа Владика Петар, во вчерашната емисија „Отворено Студио“ на телевизија НОВА.
Владиката Петар неколку пати нагласи дека тој воопшто немал удел при составување на писмото од Македонската православна црква и поради тоа не чувствувал никаква вина, ниту обврска за составот и содржината на писмото.
Тој додаде дека немало класично гласање за писмото, односно како што потенцираше тој писмото од МПЦ било премолчено е тоа испратено.
-Гледано од аспект на мајчинство по настанокот на црквите , мајка на сите цркви православни цркви е Ерусалимската патријаршија. Но бидејќи таа своевремено го загубила карактерот на голем град на Ерусалим кој бил уништен по 70-тите години на Христа, првенството во црквите го добил Рим. После со преместувањето на седиштето од Рим во Констанопол за време на Цар Константин, доаѓаат Констанопол или Цариградската да биде првопрестолна црква, објасни Владика Петар.
Во овој контекст Владика Петар констатираше дека треба да ги разбереме нештата дека не станува и ние не можеме да се согласиме дека Бугарската црква нам ние е мајка црква во некој историски контекст. Исто како што не може да ни биде ниту Српската црква во историски контекст, како ниту да ни биде во историски контекст да ни биде нам мајка црква било која друга црква.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)