– Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ги потврди во целост решенијата на судија на претходна постапка, со кои беше прифатен предлогот на надлежното обвинителство за определување мерка притвор за пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и мерка куќен притвор за Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска.
– Постапувајќи по жалби изјавени против решенијата на судија на претходна постапка за определување мерка притвор и мерка куќен притвор, а по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое решенијата на судија на претходна постапка со кои беше прифатен предлогот на надлежното обвинителство за определување мерка притвор за К.М. и Љ.А. како и мерка куќен притвор за Ј.Т и Ж.П. ги потврди во целост, соопштија од Кривичниот суд.
Во однос на жалбата против решението на судија на претходна постапка за Сашо Василевски по донесено решение на советот, од Судот велат дека јавноста ќе биде дополнително информирана, а во однос на решението на претходна постапка за Љупчо Димовски не е изјавена жалба од странките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието доставија предлог за формирање Анкетна комисија
-
Граѓанин вербално ги нападна Стојаноски, Лазаревска и Тунтев, интервенираше полицијата (видео)
-
Пратениците ќе добијат уште една бенефиција: Пратеник што ќе изнајми стан во Скопје добива 400 евра