Иако проблемот со влакната на лицето за некого е неважно, тоа може да биде и симптом на синдром на полицистични јајчници (ПЦОС).
И оваа состојба може да предизвика уште посериозни проблеми, вклучувајќи рак, дијабетес тип 2 и неплодност, велат од клиниката „Мејо“.
Што е ПЦОС?
ПЦОС е здравствена состојба која го погодува женскиот хормонален систем, принудувајќи ги нивните тела да произведуваат повеќе машки хормони отколку што навистина им требаат. Синдромот го попречува работењето на јајчниците и може да резултира со неправилни менструални циклуси или дури да доведе до тешкотии со зачнувањето. Некои ПЦОС го означуваат како еден од главните фактори кој предизвикува неплодност кај жените.
Додоека лекарите се уште не знаат што точно ја предизвикува таа состојба, обично се наведуваат три фактори кои ја зголемуваат можноста за нејзиниот развој:
– генетските фактори
– отпорноста на инсулин
– воспаление
Главниот проблем е што многу луѓе често не се свесни дека имаат ПЦОС. Во една студија од 2009 година речиси 70 отсто жени кои ја имале болеста не го знаеле тоа. Воочувањето на главните знаци на болеста е пресудно за рано откривање на дијагнозата.
Кои се знаците?
Дебелите темни влакна на брадата или под носот не мора да бидат само козметички проблеми, туку и знак за ПЦОС. Покрај лицето, ПЦОС често предизвикува вишок раст на влакната на другите делови на телото: градниот кош, грбот, рацете и абдоменот.
Добивањето на тежината е вториот знак предупредување на овој синдром. Многу болни со ПЦОС тешко ја контролираат својата тежина поради хормонската нерамнотежа.
Промените на расположението се третиот заеднички знак за болеста. Жените со ПЦОС често мора да се справуваат со тешки главоболки, нагли промени на расположението и депресија.
Ако сте забележиле кој било од овие симптоми, би било подобро да не ги занемарувате, туку посетете го својот лекар. Освен тоа, размислете за промената на начинот на животот, како што тврди клиниката „Мејо“, можете многу да ја подобрите својата состојба губејќи најмалку 5 отсто од телесната тежина. Не заборавајте секогаш најпрво да го консултирате својот лекар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.