| четврток, 6 декември 2018 |

Што се имаат извадено докторите од дишните патишта на децата?

Вистинско чудо е што можат да извадат докторите од дишникот и дишните патишта на децата. За среќа, само мал број од случаите на голтање на мали предмети завршуваат фатално.

Телевизија Канал 5 објавува сторија „Страшно – што се докторите извадиле од дишниците на малите деца?“

Бидете внимателни со изборот на играчки за децата до пет годишна возраст. Многу често ситните делови од играчките привлечни со интересни бои се лесна мета за децата да го пробаат и нивниот вкус.

Во детската болница Козле по десет пациенти неделно завршуваат со заглавени ситни предмети во дишните патишта. Директорот на болницата Козле вели дека родителите треба да внимаваат доколку детето има проблеми со дишење често кашла, а приота е исклучена состојбата да е настинато.

Ситни делови од играчки во шарени бои, бисери ова се предметите што се вадат од дишните патишта од детските тела. Доктор Андоновски објаснува дека најчесто се деца на возраст до три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top