| четврток, 6 декември 2018 |

Дали сијаличките на елката ги ставаме погрешно цел живот?

Хоризонтално или вертикално, како ги поставувате вие сијаличките на вашата новогодишна елка?

Има многу дилеми околу китењето не елката – која големина е совршена за вашиот дом, каква боја да бидат лампионите, дали е прерано да ја накитите сега и низа други дилеми.

Но, за едно сите се согласуваме – елката мора да има сијалички за да блесне во полн сјај.

Повеќето луѓе ги местат сијаличките хоризонтално, почнуваат оддолу или одгоре и ги обвиваат по гранките на дрвото.

Но, ова е погрешно според дизајнерот за ентериер Франческо Билото. Тој тврди дека сијаличките треба да бидат поставувани вертикално, бидејќи на овој начин секое делче од вашата елка од горе до долу ќе светка убаво.

Тој, исто така, додава дека на овој начин сијаличките нема да бидат сокриени позади гранките.

Франческо ве советува да започнете да ги ставате сијаличките од врвот на елката, па надолу, потоа на неколку сантиметри на страна да ги качувате нагоре, па назад и да повторувате додека не ја покриете целата елка со сијалички.

Китењето на елката хоризонтално според Билото не е правилно, но можеби некои луѓе не сакаат да бидат во право, туку сакаат да го сторат тоа на начинот на кој ним им одговара.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top