| четврток, 6 декември 2018 |

Мукоски: Нема да дозволиме со прескокнување на комисијата СДСМ да почне со исполнување на платформата

krsto-mukoski

Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ денес од собраниската говорница им порача на колегите од СДСМ дека никој не им дава право, најмалку Деловникот да извршат грубо кршење на правото на говор на пратениците.

Мукоски додаде дека точката за која е отворена расправа не може да биде прекината додека не заврши претресот, односно додека не се почитува правото на збор на сите пратеници кои што се пријавиле за дискусија.

Во продолжение, Мукоски на колегите од СДСМ им даде на знаење дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи со кршење на деловникот СДСМ да го прескокне формирањето на Комисијата за прашања за избори и именувања, со тоа се отвора можност да го изберат Талат Џафери за претседател на Собранието и ќе почнат со испорачување на tиранската платформа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top