На денешен ден пред 6 години почина Гоце Арнаудов, едно од најголемите музички имиња во македонската фолк музика. Пејачот почина на 52-годишна возраст од рак на белите дробови.
И шест години по смртта на Арнаудов, неговата публика се сеќава на неговите најголеми хитови: „Ех да беше стрела песната“, „Дали чекаш стара мајчице“, „Ќе пијам ќе лумпувам“, „Свири мајсторе“, „Полни бре меанџијо“…
Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година. На десетгодишна возраст почнал да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршување на средното училиште ја формирал групата „Крик“ со која настапувал низ цела поранешна Југославија. Се вратил во Македонија во 1993 година, а следната 1994 година на „Фолк фест Валандово“ ги освоил сите награди со песната „Дали чекаш стара мајциче“.
Има испеано над 200 песни, учествувал на стотина фестивали, а на преку 60 од нив освоил прво место. Во 2000 година во родната Струмица направил концерт на градскиот стадион со 10 илјади публика, по што ја добил и наградата за пејач на деценијата и за почесен граѓанин на Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)