Холандскиот второлигаш Фортуна Ситард си има македонска амајлија, а раководството на тимот и тренерот Сандеј Олисех си добија џек-пот со ангажманот на 25-годишниот Стефан Ашковски.
Играч кој ги решета мрежите и со 8 погодоци е прв стрелец на тимот, кој бие битка за пласман во Првата лига. Ашковски погодува, а играчите му возвраќаат со песна во соблекувалната.
Фештата што му ја приредија соиграчите по победата против младинците на ПСВ Ајндховен, завчера, е за паметење, а токму Ашковски со два гола иницираше чудесен пресврт. Од негатива од 0:2 на полувремето Фортуна стаса до победа од 3:2. Нашиот Стефан го режираше пресвртот со два гола во 61. и во 86. минута.
„Ша-ла-ла-ла-ла Македонија“, ечи по победите на Фортуна.
Целиот текст на Спортмедиа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)