| четврток, 6 декември 2018 |

Снимка од 2001: Големо интервју со Слободан Праљак кое исчезна од Јутјуб (ВИДЕО)

Слободан Праљак во Хаг беше предаден во почетокот на април 2004 година. Кон крајот на 2001 година му дал двочасовно интервју на познатиот новинар Романо Болковиќ, во кое го изнсува своето гледиште на војната во БиХ. Судењето на Праљак започнало набрзо по предавањето, а траело повеќе од 12 години.

Дел од ова интервју чудесно тргнато од Јутјуб пред неколку дена.

„Ме прашувате дали го имам вториот дел од разговорот со ПРаљак.

Го имав. На Тубата.

Иако јас сум сопственик на материјалот и никогаш не сум барал заради сопственички права да се тргне од ЅТ, очигледно е дека некому неподносливо до замолчување му пречела верзијата на Праљак.

Тоа е истото ѓубре на кое устата му е полна со демократија, Втората, слободата, Волтер и она срање за одбрана на правата на туѓата вистина итн. итн.

Ја гледам и денес хрватската јавност: четврт век едни исти професионалци се хуманисти, еталонски праведници меѓу народите и народностите.

Овде не оди на добро.

Не може“, напишал Романо Болковиќ на Фејсбук пред неколку дена, откако исчезнало интервјуто од Јутјуб.

Целата вест е објавена ТУКА, а видеото е во прилог.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top