Во Босна и Херцеговина се случи голема трагедија која во црно зави две семејства на млади мажи кои загинаа во сообраќајна несреќа.
Во текот на ноќта околу 2:30 часот во близина на Живинце се случила сообраќајна несреќа во која животот го загубиле двајца братучеди. Едниот од нив возел и изгубил контрола над автомобилот, по што удриле во ѕид, а потоа и во куќа покрај патот.
Двајцата роднини, Енес и Ахмед Муратовиќ, загинале на самото место на несреќата, додека 16-годишниот патник кој бил на задното седиште е тешко повреден.
Само неколку мига пред да се случи несреќата, едниот од роднините објавил видео од возењето, на коешто може да се забележи дека се движеле со брзина од 200 километри на час.
Поради силниот удар автомобилот бил многу оштетен, а телата ги извлекле пожарникари. Парчиња од автомобилот и оградата биле пронајдени дури и во спална соба на жител кој имал куќа во близина на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


