| четврток, 6 декември 2018 |

Дума од ДИК: Бонусите ги заслужувам, ама ќе ги вратам за на некој да му се најдат парите

ДИК денеска има вонредна седница откако американскиот амбасадор Џес Бејли посочи дека тие си земале плати бонус за изборите кои штотуку завршија.

Виолета Дума, при расправата рече дека таа и нејзиниот колега Игор Милев, донеле лична одлука да ги вратат парите или во буџетот или како донација, иако таа е убедена дека истите ги заслужува поради напорната и деноноќна работа.

– Ќе ги вратам парите, не затоа што не ги заслужувам, туку за му се најдат на некого, рече Дума потенцирајќи дека работеле и ден и ноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top