За една година 21 плата. Вистински рекорд држат членовите на Државната изборна комисија. Математиката вели дека скоро секој месец, членовите на ДИК си ги удвојувале платите.
Според она што вчера го изнесе американскиот амбасадор Бејли, за предвремените парламентарни избори во декември, членовите на ДИК си поделиле по 4 плати, додека за последните локални избори 5 плати. Заедно со оние 12 кои редовно ги земале, математиката вели дека секој од нив, земал по 21 плата за 12 месеци.
Според информациите кои можат да се најдат за висината на платите на членовите на ДИК, нивните месечни примања се околу 70.000 денари. Кога тоа ќе го помножите со бонусите кои си ги поделиле, математиката вели дека секој член на ДИК за еден година инкасирал по околу 1,5 милиони денари или по околу 24.000 евра.
Кога на ова ќе се додадат и другите додатоци кои се земаат, како прекувремена работа и пред се патни трошоци, може да се каже дека е доста профитабилно да се биде член на ДИК. Ако се има предвид дека Комисијата сега има 9 члена, пресметките покажуваат дека само за плати и бонуси на членовите на ДИК, за една година граѓаните платиле 216.000 евра.
За скандалот да биде поголем членовите на ДИК ваквите одлуки ги носеле на затворени седници, а записниците од овие седници не се објавени на веб сајтот на Комисијата. Очигледно фатени во тесно и под притисок на јавноста, членовите на ДИК денеска треба да донесат одлука со која ќе ја поништат одлуката за бонуси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот