| четврток, 6 декември 2018 |

Машки стриптиз на славјето на Лилесторм: Трофејот од Купот на Норвешка заврши меѓу нозете на Александер (видео)

Норвешкиот фудбалер Александер Мелгавист се нашол во центарот на вниманието во својата земја откако во саботата, по освојувањето на националниот куп со својот тим Лилесторм, извел стриптиз на бината и останал сосема гол.

Неочекувано, тој почнал да се соблекува на бината додека траело славјето, за на изненадување дури и на своите соиграчи, останал сосема гол, а мешуножјето го покрил со трофејот од купот на Норвешка.

– Ми дојде спонтано, не планирав да се соблекувам. Имаше и добри, но признавам, имаше и негативни коментари. Не сакав со тоа никого да навредам, изјавил Мелгавист по славјето.

Инаку, тимот на Лилесторм во саботата во финалето на Купот го совладал тимот на Сарпсборг со 3-2 и го освои овој трофеј по цели 10 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top