| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Дурловски обвинет и за нацизам (ВИДЕО)

Јавното обвинителство во денешното соопштение информираше дека по анализата на обезбедениот доказен материјал постојат сериозни индиции дека оперскиот пејач не само што е терорист, туку истиот бил прикриен нацист и член на здруженија кои ги застапувале овие идеи.

„Тоа што го откривме е страшно! Сите останавме вџашени! Новото обвинение ќе биде поднесено во оној момент кога ќе ги завршиме целосно вештачењата на доказните материјали“, велат извори од Јавното обвинителство.

„Добро е што инспекторите не упаднаа сами во неговиот дом, туку беа упатени и цела чета специјалци. Постоеја информации дека со неговата сопруга, трите деца и многубројните награди од оперските сцени во светот сака само да го замаскира сопственото делување“ – коментираат од обвинителството.

поред информациите од Одделот за организиран криминал, во неговата работна соба биле пронајдени бројни нотни тетратки и либрета, затскриени меѓу нив биле и делата на Вилхелм Рихард Вагнер.

„Нашите инспектори не посетуваат опера и постоеше сериозен ризик ваквиот круцијален доказ да ни пропадне. Среќна околност беше што една од колешките гледала документарец за операта „Парсифал“ па ги поврзавме работите. Не шокираше кога проверивме на интернет и утврдивме дека Рихард Вагнер бил еден од омилените композитори на Адолф Хитлер. веќе ја истражуваме и врската со настапите на Дурловски на сцените во Германија и неговите врски таму. Бараме и меѓународна помош за да утврдиме и од каде му се снимките и од другите дела на Вагнер. Во денешна демократска Македонија е недозволиво некој дома да поседува музички материјали кои ја воспеваат херојската тевтонска природа“, вознемирено велат од обвинителството.

Пиперка Ајварка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top