Австралискиот пратеник Тим Вилсон го запроси својот партнер Рајан Болгер за време на собраниската дискусија за легализација на истосполови бракови во земјата
Болгер, кој седеше во делот од салата предвиден за гости и заинтересирани граѓани за следење на седниците, одговори – „да!”, што предизвика општо задоволство и аплауз меѓу присутните.
Неофицијално, тоа е првото запросување во австралискиот Парламент воопшто
Долниот дом на Парламентот денеска почна да го разгледува Предлог-закон за легализација на истпопловите бракови, пет дена откако тој беше усвоен во Сенатот.
Се очекува конзервативните пратеници да поднесат амандмани на Предлог-закон, меѓу кои и оној што ќе им гарантира право на матичарите да одбија да сакаат да венчаваат истополови бракови. Сенатот ги отфрли таквите амандмани при расправата минатата седмица.
Австралијците минатиот месец, со мнозинство гласови ја поддржаа легализација на истосполови бракови, на анкета спроведена на државно ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)