| четврток, 6 декември 2018 |

Презентерката Александра Велинова ќе биде заштитно лице на Саемот за венчавки

Од 23 до 25 февруари 2018 година ќе се одржи 8. Саем на венчавки („Wedding Weekend Expo 2018“) во хотелот Александар Палас. Настанот традиционално е под режисерската палка на магазинот за културата на венчавките „Во бело.мк“.

Традиционално, водители на овој настан се познати телевизиски лица, а оваа година домаќинка и заштитно лице ќе биде презентерката на ТВ НОВА, Александра Велинова. Како модели се очекува да продефилираат звучни имиња од музичкиот, модниот, спортскиот, се на се јавниот живот во нашата земја кои организаторот  ги држи во тајност до последен момент.

Над 50 изложувачи од различни категории и оваа година ќе ви покажат што е модерно во светот на свадбите. Најдобрите креатори на венчаници, костуми, бурми и накит, декорации, свадбени покани, аксесоари, фотографи, осветлување, ресторани, козметички студиа, свадбени патувања, подароци за свадба…односно се што е потребно за организирање на една совршена свадба на едно место.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top