| четврток, 6 декември 2018 |

Седми саем за венчавки

Седмиот Саем за венчавки и оваа година традиционално ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ од 17 до 19 март. За отворањето организаторот подготви специјална програма модна ревија на венчаници и машки костуми. Како модели ќе се појават познати личности, а дизајнерите ќе ги претстават своите нови колекции.

unnamed (2)

Елена Стефановска

Заштитно лице и водител на целата манифестација оваа година е Елена Стефановска.

Саемот и оваа година ќе се обиде да им помогне во решавањето на дилемите на идните брачни парови, па освен венчаници и костуми ќе имаат можност да ги видат последните трендови за декорациите на свадба, фотографските услуги, специјалното осветлување, покани за свадба, шминка и фризура, накит, подароци за свадба, ресторани и др.

Влезницата за саемот е 70 денари, а се купува на самото место и е воедно ваучер кој ќе им овозможи попуст во текот на целата година кај излагачите. Саемот е отворен за посетителите во сабота и недела 18-19март од 09 до 21 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top