| четврток, 6 декември 2018 |

Спречен шверц на дрога од Албанија преку Македонија во Грција

Кривична пријава и притвор за двајца државјани на Албанија вчера поднесе СВР Битола за транспорт на марихуана, хашиш и смола од хашиш од Албанија преку Македонија за Грција. Двајцата се фатени на караилата Лажец битолско додека третото лице помагачот побегнал.

Како што соопшти МВР, Р.А.(45) и Б.Г.(33) заедно со уште едно непознато лице, откако неовластено набавиле опојна дрога марихуана, ја спакувале во најлонски паковки, ја ставиле во две патнички торби и од Албанија се упатиле преку Македонија да извршат транспорт на марихуаната во Грција. Во ноќта меѓу сабота и недела околу 01:30 часот од страна на полицајци од ГН „Меџитлија“, биле забележани во близина на напуштената караула Лажец и на дадена наредба да застанат тројцата се дале во бегство. По кусо време Р.А. и Б.Г. се фатени во непосредна близина на граничната линија со двете торби со марихуана, додека третото лице се упатило во непознат правец.

Од извршената анализа утврдено е дека во торбите има 38 најлонски паковки со марихуана со вкупна нето маса од 38,1 килограми. Во торбите имало и 201 грам хашиш и околу 350 милилитри хашишова смола.

Судија за претходна постапка при Основен суд – Битола, на двајцата пријавени одредена им одредил мерка притвор во траење до 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top