Србинката Мирослава Стојаковиќ (46) е жртва на брутално убиство кое се случило вчера среде бел ден во населбата Земун поле во Белград. Таа била убиена од својот љубовник Милош Јовановиќ (49), а жртвата пред монструозниот чин се жалела на своите пријателки дека се плаши од партнерот.
Драмата се случила во околу 12 и 30 часот кога сообраќајниот полицаец Јовановиќ по кратка расправија ја исфрлил Мирослава од автомобилот и со својот пиштол ја застрелал со неколку куршуми. Потоа седнал во својот автомобил, се одалечил од местото на настанот по што си пресудил пукајќи си во срце.
Како што јавуваат медиумите од соседството, парот долго бил во бурна врска, на неколку пати се разделувале, се смирувале и често се расправале.
– Со неговиот автомобил стигнале до улицата каде што се случило убиството. Тој во еден момент почнал да урла на Мирослава која не сакала да се смири со него. Потоа ја исфрлил од колата и ја застрелал неколку пати. Еден од куршумите завршил и во нејзината глава што била фатално, отрил извор од истрагата.
Според сведочењата на неговите познаници, Стојаковиќ бил многу незгоден и со многумина често знаел да се најде во конфликт.
– Го викавма Милош Свински. Навистина беше незгоден полицаец. Случајно го запознав, а негови колеги ми рекоа дека на неколку пати бил и суспендиран. Имал жена и три деца и наводно се разведувал. Со Мирослава знам дека се гледаа и дека имаа несогласувања, истакнал изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат