
Секоја годишнина од смртта на постариот син Милош, за позната авторка на бројни хитови, Марина Туцаковиќ, носи нова болка. Ни девет години по неговата смрт, таа не може да се помири со фактот дека засекогаш го изгубила. Сопственичката на бројни хитови открива дека утехата ја пронаоѓа во помалиот син Милан и работата.
-Човек некако се стопува со секојдневието, мислите го влечат на друга страна, но и проблемите кои секој од нас ги има. Едноставно, со тек на времето, отапува. Постојано доживувам превирање на емоциите. Некогаш ми е нормално да одам на гробишта, а некогаш многу ми е тешко. Мајката никогаш не може да се помири со губитокот на детето, таа рана и болка остануваат за цел живот – вели Марина, која сепак нашла начин по големата животна трагедија да продолжи понатака.
-Утехата, ако така можам да кажам ја пронаоѓам во семејството и работата, но Милош постојано ми е во мислите. Од моментот кога го изгубив детето, веќе не можам искрено ни да се насмеам. Се смеам, ама не од срце-додава таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неговите зборови го параат срцето: Дарко пред несреќата ја открил големата тајна за својата свршеница!
-
Татко му го убија со Аркан, а потоа улицата го зема под свое – сега е татко и сопруг на убавата водителка!
-
Се уште имам проблем: Марина Туцаковиќ прв пат проговори за борбата со тешката болест
-
И покрај тешката болест, го доживеа ова: Марина Туцаковиќ се разочара!


