Во село Манастирец, Поречко, искршена е плочатана селската црква Света Богородица. Спомен плочата е посветена на жртвите кои биле убиени од бугарската окупаторска војска.
Света Богородица е главна и единствена манастирска црква, градена во 1899 година на темели на постар објект. На искршената плоча пишува дека е посветена на 103-ца поречани на кои животот им го одзела бугарската гнасна рака.
Малата црква во поречкото село Манастирец крие досега неразјаснета тајна за масовното убиство на 103 лица од овој крај во 1916-та од бугарите. Се претпоставува дека во масовната гробница се наоѓаат останките на интелектуалци од овој крај.
Бадниковиот масакр, во кој на 6 јануари 1916 година, од страна на бугарската војска се убиени 103 поречани е можеби една од темите од нашата историја која малку позната за јавноста.
–Заробени се 205 Поречани и на патот за Прилеп, половината од нив се оставени на месноста Дервишка нива, 103, најголем дел од селото Здуње, 22 лица, и тука сите масакрирани. А останатите биле пратени во затвор во Прилеп, а после повторно се вратени во Поречието, рече Зоран Трпчески, професор по историја во емисија посветена на оваа црква на МРТ.
Свештеникот Марко Трпкоски кој ја има комплетната документација за овој настан, заедно со имињата на убиените дошол до еден интересен податок, кој го презентирал во емисијата.
-Еден од бугарските војници рекол дека тој не сака да учествува во оваа злосторство и дека не сака да ги коле поречаните, поради таа своја одлука и тој бил убиен и тој е 103-тата жртва на овој ден“, вели Отец Марко Трпкоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните сакаат да знаат кому му пречат православните гробишта во Љуботен и очекуваат вандалите да одговараат
-
Кавадарци со порака до вандалите на СДСМ: Децата не се играчка, не злоупотребувајте ги во политички цели!
-
Kанцеларијата на народот пред и по дивеењето на вандалите на СДСМ и СОРОС (ФОТО)
-
Новите возови не се за вандали!